Гласањето во општина Гази Баба во фер и демократска атмосфера
Граѓаните што го искористија своето право на глас од идниот шеф на државата и од новиот парламентарен состав очекуваат подобра економска состојба...

Во фер и демократска атмосфера се одвива гласањето во општина Гази Баба. Во избирачкото место во училиштето „Стив Наумов“ за девет часа откако е отворено излегле 50% од граѓаните. Членовите од избирачкиот одбор велат дека процентот задоволува за овој период од денот, очекуваат поголема излезеност во последните два часа, пред да се затворат избирачките места.
„На избирачкото место 2485 досега излезеноста е 50%, од 588 гласачи, досега се излезени 300 гласачи“, велат од избирачкиот одбор.
Граѓаните што го искористија своето право на глас од идниот шеф на државата и од новиот парламентарен состав очекуваат подобра економска состојба.
„Очекувам повеќе работни места, повеќе странски инвеститори... Економијата да се подобри... Очекувам да се води сметка за идентитетот на државата...“, велат случајно анкетираните гласачи затекнати на ова избирачко место.
Гласачките места се затвораат точно во 19 часот. Оние граѓани кои ќе се затекнат на гласачкото место во тој момент, ќе можат да го остварат своето демократско право на глас.
Андријана Атанасовска
