Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“
Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“. Наградите ги добија млади луѓе од различни области меѓу и нив и 9-годишниот Македон Димитровски. Претседателот Пендаровски со апел државата да не ги испушти ваквите ретки таленти, да се вложува повеќе во образованието и науката за да ги задржиме младите дома.

Осум млади луѓе со врвни резултати во областите во кои учат и работат, од претседателот Пендаровски го добија признанието „Успешни млади“. Виктор Стојковски е најдобар млад научник во општествени науки, Андреј Ристески го доби признанието во областа на техничките науки. Во групата добитници се вброи и трето-одделенецот Македон Димитровски кој ги восхити сите со натпросечните развиени академски вештини, а Нина Костовска го доби признанието за особен успех и афирмација на инклузијата.
Институциите да не дозволат да испуштат ретки таленти, порача претседателот Пендаровски. Академиците сметаат дека државата недоволно вложува во образованието и науката.
Наталија Теодосиева е избрана за најдобра млада уметничка, Гордана Георгиева за најдобра млада научничка, Иван Антоновски најдобар млад научник во хуманистички науки и Алексиј Тасиќ носител на признанието „Млад талент“.
Викторија Милевска
