Ракомет

Пораз на Металург и во Германија

27.04.2014 17:50

Очекувано, екипата на Кил ја комплетира големата четворка што ќе настапи на турнирот на најдобрите 4 во лигата на шампионите во Келн придружувајќи им се на Веспрем, Фленсбург и Барселона...

Немаше дилеми ни пред денешниот последен натпревар од реванш-четвртфиналето во лигата на европските шампиони дека екипата на Металург шансите за евентуален успех и пласман на турнирот на најдобрите 4 во Европа ги загуби уште со поразот во Скопје со минус 10 од екипата на Кил.Во дуел без поголема тензија македонскиот вицешампион загуби и на реваншот во Германија со 34-26, откако по израмнетите воведни 15 минути Кил се одлепи и по првите 30 минути поведе со 19-11. Второто полувреме практично беше ревијално, заврши 15-15, а Металург го одигра со дел од ракометароите што помалку добивааа шанса па Филип Талески дебитира со 3 гола, Циндриќ постигна 6, а најефикасен беше Вугринец со 7 погодоци, иако не го доигра натпреварот поради црвениот картон.

Вчера Вардар само поради среќата, можеби и недоволното искуство во решавачки моменти на големи натпревари пропушти шанса за најголем успех, но без оглед на болната пирова победа историјата е испишана. Затоа не треба да се сватат куртоазно зборовите на Врањеш дека треба да бидеме горди на тоа што го имаме , нема да мине долго време за да се развие и навивачкиот туризам кај нас кога и од многу земји со подолга спортска традиција навивачите ќе доаѓаат да го видат  единствениот амбиент во Скопје, да бидат дел од единствената атмосвера и  да почувствуваат како своето се подржува искрено, без предрасуди и лажен патриотизам, како се навива од длабочината на срцето. Да, ние го имаме тоа и треба да бидеме горди!