Здравство
Изведена првата трансплантација на црн дроб во Македонија
25.11.2022 17:08
Првата трансплантација на црн дроб од починат донор денес за првпат беше изведена во Македонија. Трансплантацијата се изведе на Клиниката за дигестивна хирургија...

Првата трансплантација на црн дроб од починат донор денес за првпат беше изведена во Македонија. Трансплантацијата се изведе на Клиниката за дигестивна хирургија.
Шеснаесетгодишен пациент со хронично заболување на црниот дроб доби здрав орган од пациент со мозочна смрт, чие семејство синоќа се согласи да му ги донира органите.
Покрај црниот дроб, во моментов е во тек и трансплантација на бубрег кај двајца пациенти со бубрежна болест.
