Без договор заврши средбата на Мешовитата историска комисија
Учебниците по историја за седмо одделение во делот за средновековието како и преставувањето на охридската архиепископија- причина поради која и денеска нема договор на Мешовитата комисија за историско-образовните прашања. Копредседавачот на бугарскиот тим, Димитров незадовелен од состанокот. Следната средба ќе се одржи во Софија на почетокот на 2023 година...

Нема договор, разговорите ќе продолжат-ова е епилогот од дводневните состаноци на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања. Копретседавачот од македонска страна Ѓоргиев вели дека недоразбирањата се во различниот пристап на толкување на средновековната историја, како и дека неговите бугарски колеги ги креваат овие прашања на ниво на дебата за усогласување на историографите и потсетува дека овде станува збор за препораки за учебници.
Охридската архиепископија, е една од забелешките на бугарскиот тим. Бараат да се промени начинот на кој таа е претставувана во нашите учебници. Според копретседавачот на бугарската страна – за нив е важно да се запазат научните принципи и мултиперспективноста.
„Станува збор за историските случувања, а не современите држави да имаат право на своја различна гледна точка. Во историјата не може да има две коренити основоположни гледни точки кои се валидни. Едната е валидна, другата не е. Која е вистинската? Таа се определува од два научни принципа. Едниот е и тој е основата во историската наука – е почитувањето на фактите и историските извори, а другиот е со усогласување со доминантната позиција во светската наука“, изјави Ангел Димитров.
Дебатата за бугарските учебници, е завршена пред година и половина и има седум препораки кои треба да бидат применети. Следната средба е во Софија на почетокот на 2023 година.
Марина Стојанова Тонева
