Кошарка
Мајами шампионски
27.04.2014 17:54
Дуелот беше решен уште во втората четвртина, што шампионот ја доби со 35-19 и е на победа до пласман понатаму...

Мајами е на чекор до пласман во полуфиналето од источната конференција откако победи и на третиот натпревар против Шарлот. По двата триумфа на домашен терен, Мајами славше и на гостувањето со убедливи 98-85.
Дуелот беше решен уште во втората четвртина, што шампионот ја доби со 35-19 и е на победа до пласман понатаму.
Леброн Џејмс одигра уште еден одличен меч со 30 поени 10 скока и 6 асистенции, Вејд постигна 17, а Андерсен 12 поени.
Оклахома тешко стигна до втората победа против Мемфис, откако дури по продолженија славеше со 92-89 и израмни на 2-2 во серијата.
Дурент и Вестбрук одново немаа шутерска вечер, но ефикасен беше „резервистот“ Џексон, кој по вкупно 15 поени во првите три меча, сега постигна 32, доволно за драматичната победа на Оклахома.
