Свет

Кина: Расте бројот на заразени со Ковид-19 и покрај строгите мерки

26.11.2022 09:54

Неколку големи градови, вклучувајќи го и Пекинг и јужниот трговски град Гуангжу, доживуваат епидемии.

Кина регистрира најголем број дневни случаи на Ковид-19 од почетокот на пандемијата, и покрај строгите мерки наменети за елиминирање на вирусот.

Неколку големи градови, вклучувајќи го и Пекинг и јужниот трговски град Гуангжу, доживуваат епидемии. Голем број граѓани масовно купуваат прехранбени производи во паника поради страв од нов карантин.