Прилепската болница има мазут, но отстранува дефект
Прилепската болница по две недели отстрани голем дефект на водоводната мрежа кој не дозволуваше системот за греење да биде во функција. Уверуваат дека пациентите се во топли простории каде има грејни тела. Очекуваат до понеделник да функционира грејниот систем.

Прилепската болница го отстрани дефектот на водоводната мрежа и забрзано настојува да го стави во функција системот за греење. Очекува до крајот на викендов греењето да биде функционално. Уверуваат дека овој двенеделен проблем кој оневозможи котларницата да работи, не го чувствуваат пациентите, зашто има доволно грејни тела за загревање на просториите.
На системот му треба време да се наполни и радијаторите да бидат топли. Болницата има доволно мазут за загревање. Набавени се 50 тони за до февруари, а ќе има набавка уште на 25 за целата сезона.
Во Здравствениот дом каде загревањето е со нафта, има за неколку дена, иако таму сметаат дека радијаторите се ладни. Во тек е набавката на нови количества, велат од болницата. Ситуацијата со корона вирусот е стабилна. Во инфективното е хоспитализиран еден пациент.
Елизабета Митреска
