Фудбал

Вчера фудбал, денеска калкулации

27.04.2014 17:57

Вчера фудбал, денеска калкулации. На три кола до крајот на македонскиот фудбалски шампионат 5 екипи во 5 бода на врвот, секој со свои шанси, надежи и пресметки. Кој е најблиску до трофејот , кој со кого до крајот?

Работнички е на врвот на  табелата, загубеното дома од Металург го надомести во Битола, во следното коло го очекува големото дерби со Вардар,можеби решавачко за титулата, иако до крајот ќе игра и со Лисиче, а во завршниот натпревар ќе гостува во Тутново.Хоризонт триумфално мина низ Автокоманда, бодот зад Работнички е најава дека токму пред своите навивачи во последното коло ќе решаваат со романтичарите за трофејот, но ќе треба да го задржат чекорот со добри игри против Пелистер дома и нагости кај Вардар.
 
Металург ја прекина убавата серија победи, калливиот терен во Автокоманда може да се нарече се само не домашна предност за тимот што игра допадлив фудбал, а до крајот ќе треба да гостува во Штип и во Ѓорче и да ја пречека Шкендија.
За се е потребно време, па и за Вардар, велат во црвено-црниот табор каде што одбраната на титулата изгледа се подалечна амбиција, но дел од 4-те бода зад Работнички ќе можат да се анулираат уште во следниот меѓусебен дуел, а шансата потоа да се бара против Турново и Брегалница.
 
Пелистер е на минус 5, киксот против Работнички ги оддалечи од врвот, па сега ништо не зависи од нив па и со 100настотен ефект до крајот.4-ти 11-ти и 18-ти МАј се деновите за одлука кога ќе се знае и која екипа ќе им се придружи на Македонија Ѓорче Петров,Напредок и Гостивар во понизок ранг. А оттаму Силекс и Тетекс засега се најблиску до промоција меѓу најдобрите.