Ковачевски: Политичари како Костадинов не се пожелни во државава
„Политичари кои шират нетрпение и немир меѓу народите не се пожелни во нашата држава“ – премиерот Ковачевски за однесувањето на бугарскиот пратеник Костадинов. Вели-непримерно однесување на гостин во земјава…

Премиерот Ковачевски со остра осуда за однесувањето на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, кој по отворањето на културно-информативниот центар во Скопје порача дека македонскиот е ист народ со бугарскиот. Такви политичари воопшто не се пожелни во нашата држава, рече Ковачевски нагласувајќи дека целта на ваквите политичари е да сеат раздор меѓу двата народи за политички поени.
На иста линија со Ковачевски и министерот за надворешни, Османи. Во интервју за бугарски медиум, открива дека во двете држави, како што рече, има луѓе кои не сакаат да има добрососедски односи. Најави дека ќе разговара со иницијаторите на бугарските клубови во земјава, за тоа кои се нивните цели.
Османи рече дека и покрај проблемите, односите меѓу Македонија и Бугарија се подобруваат и има желба кај двете страни за надминување на предизвиците.
Викторија Милевска
