Свет

Масовни протести во Кина против рестриктивните ковид-мерки

27.11.2022 09:35

Поради долгиот карантин, голем број луѓе побараа оставка од претседателот Си Џинпинг...

Масовни протести против строгите рестриктивни мерки за спречување на ширењето на Ковид-19 избувнаа во неколку кинески градови, вклучително и во финансискиот центар Шангај, речиси три години од почетокот на пандемијата.

Поради долгиот карантин, голем број луѓе побараа оставка од претседателот Си Џинпинг.

Речиси три години од почетокот на пандемијата, Кина продолжи да се придржува до својата нулта ковид политика, додека најголемиот дел од светот се обидува да живее со вирусот и ги укина ограничувањата.