УКРАИНА

Борбите во Донбас не престануваат, продолжува евакуацијата од Херсон

27.11.2022 09:38

Иако шест милиони украински домаќинства сè уште се без струја, ситуацијата полека се подобрува.

Сирени за напади се огласија во неколку украински региони. Во Донбас борбите не престануваат, додека во Херсон на југ почна евакуација на жителите на повик на украинската влада, поради оштетување на инфраструктурата.

Иако шест милиони украински домаќинства сè уште се без струја, ситуацијата полека се подобрува.

Во Киев се одржа Меѓународен самит за извоз на храна во најсиромашните земји. Зеленски најавува испраќање на 60 бродови со жито од украинските пристаништа во земјите најпогодени од суша и глад.