ДИК: Излезеноста на претседателските избори до 17 часот е 45,34%, на парламентарните 53,12%

27.04.2014 18:38

Најголема излезеност на гласачите за вториот круг од претседателските избори, според податоците, има во Новаци - 71,89%, а најмала во Желино 9,03%...

Според последните информации на интернет страницата на Државната изборна комисија (ДИК) излезеноста на гласачите до 17 часот на денешните предвремени парламентарни избори е 53,12%, додека на вториот круг од претседателските избори 45,34%.

Најголема излезеност на гласачите за вториот круг од претседателските избори, според податоците, има во Новаци - 71,89%, а најмала во Желино 9,03%.

Во однос на изборните единици и гласањето за предвремените парламентарни избори најголема е излезноста во ИЕ 4- 60,82%, во ИЕ 3 - 60,11%, во ИЕ 1 - 54,32%, во ИЕ 5- 51,24%, во ИЕ 2- 49,24% и во ИЕ 6 - 43,63%.

Според избирачкиот список, право на глас на денешните предвремени парламентарни избори имаат 1.780.128, а на претседателските 1.779.572 граѓани.