ВМРО-ДПМНЕ бара избори, СДСМ најавува раст
2023-та да биде изборна година, бара ВМРО-ДПМНЕ. 2023-та ќе биде година на повисоки плати и пензии и на забрзан економски раст, одговара СДСМ. Опозицијата и власта со спротивставени ставови за решенијата на проблемите на граѓаните и стопанството…

Владата е неспособна да се справи со економската и енергетската криза. Растат цените на сите енергенси, а народот осиромашува. Излез од ваквата состојба се брзи предвремени избори напролет, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Според потпретседателот Николоски, нè очекува тешка зима, за која власта не презема ништо.
Социјалдемократите, пак, најавуваат дека 2023-та ќе биде година на економски пресврт, a еден од инструментите за остварување на таа цел според нив е буџетот за наредната година кој ги комбинира антикризните мерки со развојните политики, велат од СДСМ. Според портпаролот Каевски повторно ќе следи раст на платите и пензиите.
Од СДСМ со став дека се санирани последиците од светската економска криза, а владата како што велат, успеала во тешки услови да обезбеди доволно енергенси за поддршка на граѓаните и компаниите.
Викторија Милевска
