Свет

Се разгоруваат протестите низ Кина поради ковид-ограничувањата

27.11.2022 15:35

Се разгоруваат протестите во неколку кинески градови поради строгите ковид ограничувања. Демонстрации и во финансискиот центар Шангај. Граѓаните обвинуваат дека полицијата употребила солзавец, а многумина биле нападнати од чуварите на редот. Бараат оставка од претседателот Си Џинпинг. Веќе се денови масовно се купува храна по најавата за нови карантински центри…

Расте тензијата во Кина поради тешката политика на нулта – ковид за битка против пандемијата. Жителите на Шангај излегоа на улиците поради смртните случаи од пожар во станбена зграда за кој јавноста верува дека бил предизвикан од прекумерните мерки за заштита од ковид со што го одложиле спасувањето. Обвинувањата беа негирани од градските власти. Стотици полицајци беа распоредени на улиците. Учесниците на протестот обвинија за употреба на солзавец и насилство од чуварите на редот. Бараат оставка од претседателот Си Џинпинг.

„Политика на нулта толеранција! Оставка за Си Џингпинг!“

„Полицајци, служете им на луѓето!“

„Не сакаме диктатура, сакаме демократија!“

Според новите мерки, луѓето кои пристигнуваат во Шангај или се враќаат во градот мора да се тестираат.

Сè уште строго се спроведуваат прописите, но чувствувам дека нема ограничувања во патувањето. Јавниот превоз сè уште може да се користи“, вели Жао Џи-жител на Шангај.

„Луѓето кои пристигнуваат во Шангај треба прво да го направат ПЦР тестот, а потоа да го проверат три пати во текот на три дена, а не можат да одат на јавни места како супермаркети и ресторани во рок од пет дена по пристигнувањето“, изјави Ванг Хуамеи, вработен во хотел.

Протести се одржаа и во Женгжу, централна Кина во кој е и големата фабрика за производство на iPhone. Властите наредија затворање на шест милиони луѓе по брзиот раст на случаите со Ковид-19.

Маријана Димовска