Македонија

Грковска од утре во работна посета на Советот на Европа

27.11.2022 16:12

Вицепремиерката Грковска ќе оствари и средба со генералната секретарка на Советот на Европа, Марија Пејќиновиќ Буриќ.

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска,  од утре е во работна посета на Советот на Европа, каде што ќе се обрати на 16 Европски Комитет за демократија и управување.

Вицепремиерката Грковска ќе оствари и средба со генералната секретарка на Советот на Европа, Марија Пејќиновиќ Буриќ.

Во рамките на посетата на Советот на Европа, вицепремиерката Грковска ќе оствари средба со Клаудија Лучиани, директорка на Дирекцијата за човечко достоинство, еднаквост и владеење, на кој ќе присуствуваат и Дан Попеску шеф на Одделот за демократија и владеење, како и Алина Татаренко, шеф на Одделот за демократско управување.