Затворени гласачките места
27.04.2014 19:11
На 3.480 избирачки места во земјата право на глас на претседателските избори имаа 1.779.572 избирачи...

Во 19 часот се затворени избирачките места на кои граѓаните на Република Македонија можеа да гласаат на вториот круг од петтите претседателски избори и осмите парламентарни и воедно трети предвремени избори. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.
На 3.480 избирачки места во земјата право на глас на претседателските избори имаа 1.779.572 избирачи, а во избирачкиот список за парламентарните избори беа запишани 1.780.128 избирачи. Гласачките места беа отворени во 7:00 часот.
Според последните податоци што ги објави ДИК, одѕивот на гласачите до 17 часот на денешните предвремени парламентарни избори е 53,12 отсто, додека на вториот круг од претседателските избори 45,34 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).
