Градски превоз

Приватните превозници со блокада на крстосницата кај Мавровка

28.11.2022 07:11

Рано утрово приватниот градски автобуски превозник „Слобода превоз“ ќе ја блокира крстосницата кај Мавровка во Скопје со повеќе од 30 автобуси и повеќе од 300 лица во протестот против Град Скопје. Како што најавуваат од таму, од 7 наутро до вечер автобусите ќе бидат паркирани на оваа крстосница...

Рано утрово приватниот градски автобуски превозник „Слобода превоз“ ќе ја блокира крстосницата кај Мавровка во Скопје со повеќе од 30 автобуси и повеќе од 300 лица во протестот против Град Скопје. Како што најавуваат од таму, од 7 наутро до вечер автобусите ќе бидат паркирани на оваа крстосница.

Времетраењето на протестот каде што се разминуваат булеварите „Гоце Делчев“ и „Крсте Петков Мисироков“ не е утврдено и се планира да трае до исполнување на барањата кои ако брзо не се решат во наредните денови ќе се прошири и на други делови од сообраќајниците во Скопје, најавуваат од „Слобода превоз“.