ВМРО-ДПМНЕ: Имавме фер и мирни избори

27.04.2014 19:54

На изборите победија граѓаните на Република Македонија. Имавме мирен изборен ден, мирни, фер демократски избори. Граѓаните покажаа дека имаат демократска свест и потврдија на дело дека знаат да определат што е нивен и државен интерес.
 
Антонио Милошоски, носител на листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија за изборна единица 5, на прес конференција веднаш по завршувањето на гласањето изјави дека ова се најмирните избори досега одржани во историјата на Република Македонија.
 
Нема потреба тоа да се докажува, тоа го докажа амбиентот, однесувањето и текот на денот. Голема благодарност кон сите граѓани, без разлика на етничка, верска, партиска определеност. Иако постоеја јалови обиди од страна на опозицијата да се претстават изборите како неефикасни тие обиди не успеаја, граѓаните не дозволија да бидат вовлечени во манипулативни сценарија на една опозициска партија, истакна тој.