Собрание
Седници на собранискиот Буџетски совет и на Комисијата за финансирање и буџет
28.11.2022 08:46
Во Законодавниот дом за денеска закажани се седници на Комисијата за финансирање и буџет и Буџетскиот совет на Собранието на Република Северна Македонија...

Во Законодавниот дом за денеска закажани се седници на Комисијата за финансирање и буџет и Буџетскиот совет на Собранието на Република Северна Македонија.
На дневен ред на седницата на Комисија за финансирање и буџет е Предлог буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година.
Членовите на Буџетски совет на Собранието на Република Северна Македонија ќе ја разгледаат Предлог-одлуката за давање согласност за изменување на Буџетот на Собранието на Република Северна Македонија за 2022 година.
