Брисел

Нереди во Амстердам и Брисел по поразот на Белгија од Мароко во Катар

28.11.2022 10:06

Стотици навивачи на Мароко излегоа на улиците на главниот град на Белгија за да ја прослават победата на својата репрезентација на светското првенство...

Стотици навивачи на Мароко излегоа на улиците на главниот град на Белгија за да ја прослават победата на својата репрезентација на светското првенство.

Полицијата употреби водени топови и солзавец откако беше нападната од фудбалски симпатизери кои во неделата направија хаос во центарот на Брисел по шокантната победа на Мароко на светското првенство со 2-0 над Белгија во Катар.

Десетици навивачи кршеле излози, фрлале огномети и палеле возила.