ЕСМ

Договори за субвенционирана струја

28.11.2022 10:20

Од 1.820 пријави, колку што досега стигнале до ЕСМ продажба, над илјада се верификувани. Преостанатите ќе се разгледуваат до среда, со цел од 1-ви декември сите коишто ги исполнуваат условите да добијат субвенционирана струја од 80, односно 95 евра за мегават час велат од компанијата...

Од  1.820 пријави, колку што досега стигнале до ЕСМ продажба, над илјада се верификувани. Преостанатите ќе се разгледуваат до среда, со цел од 1-ви декември сите коишто ги исполнуваат условите да добијат субвенционирана струја од 80, односно 95 евра за мегават час велат од компанијата.

Дваесетина случаи се со некомплетна документација, но од ЕСМ информираат дека до нив се испратени конкретни инструкции, а понудена им е асистенција и истите по комплетирање на документите ќе бидат вклучени на поевтино снабдување, стои во соопштението.

Во листата влегуваат 233 основни и средни училишта, 50 јавни претпријатија за снабдување со вода и 235 фирми од прехранбениот сектор.