Свет

Земјотрес со јачина од 4,6 степени по Рихтер утрово ја погоди БиХ

28.11.2022 10:40

Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот на потресот бил северно од Зеница на длабочина од два километри...

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Босна и Херцеговина. Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот на потресот бил северно од Зеница на длабочина од два километри.

Земјотресот бил почувствуван во Завидовиќ, Травник и други места во овој регион.

Засега нема информации за евентуално повредени лица и за причинетата материјална штета.