Заев: СДСМ не ги признава изборите
СДСМ не го признава изборниот процес, соопшти претседателот на партијата Зоран Заев на прес-конференцијата одржана веднаш по затворањето на избирачките места.
СДСМ и здружената опозиција не го признаваат изборниот процес ниту за парламентарните избори, ниту за претседател на државата. Власта со Груевски покажа дека нема елементарна волја да спроведе демократски избори, рече лидерот на партијата, Зоран Заев, најавувајќи дека партијата ќе бара нови избори, спроведени од техничка влада.

„Граѓаните на Македонија се измамени, нема услови за елементарен изборен процес, тој беше спроведен нецивилизирано и со узурпирање на уставното право на граѓаните“, соопшти Заев истакнувајќи ги големиот број неправилности.