Украина

Предупредување за нови руски напади

28.11.2022 13:05

Ватикан се понуди да организира преговори помеѓу Украина и Русија. Кремељ ја поздравува иницијативата со став-позицијата на Киев го прави тоа невозможно. Зеленски предупредува дека Москва планира нови напади.

Украинскиот претседател Зеленски предупреди дека Русија „планира нови напади“ врз неговата земја. Ги повика одбранбените сили и граѓаните да бидат подготвени да издржат нова недела на оптоварување на електричната мрежа во услови на крајно ниски температури.

„Украинците поминаа низ геноцид. И денес правиме сè што е можно и невозможно да ја запреме новата геноцидна политика на Русија. Сична на онаа во која загинаа милиони луѓе во дваесеттиот век. Чекор по чекор создаваме систем кој ќе ја запре агресијата, ќе ги разбие нејзините последици и ќе гарантира долгорочна безбедност – безбедност за Украина, цела Европа и светот“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.

Москва во последните недели ја напаѓаше виталната инфраструктура, предизвикувајќи прекини на струја и убивајќи цивили.

„Херсон може да стане вториот Мариупол. Сега треба да извлечеме што повеќе луѓе. Нема струја, вода и храна. Потребна е помош. На болниците им треба помош, им требаат лекови. Треба да направиме колку што можеме за нашите луѓе да имаат топло место за престој и да им се обезбедат сите потреби“, рече Виктор Миронов, волонтер.

„Постоеше јасно чувство дека уште малку и ќе нè убијат. Овој имот, не знам како ќе живееме. Тоа прашање си го поставувам секој ден. Што да правам? каде да почнам?“

„Ова треба некако да се запре. Тоа е Русија, а не кој било поединец, која било група на луѓе кои дошле во Украина. Не, тоа е целата земја!“

Кремљ минатата недела негираше дека неговите напади врз електричната мрежа на Украина биле насочени кон цивили, но рече дека Киев може да ги „заврши страдањата“ на своето население со исполнување на барањата на Русија за решавање на конфликтот. Претседателот Путин веќе изјави дека за територијалните барања на Москва нема да се преговара.

Марина Ристова