Започнуваат подготовките за Бадниковите поворки
По двегодишен копнеж по поворките, во кои изминатите години учествуваа над 15.000 деца од 40 градови и места во Македонија, традицијата продолжува и низ улиците на Македонија ќе има бадникови поворки, велат организаторите. Медиумски покровител на проектот е Македонската радио-телевизија...

Со божиќните пости почна и празничната сезона, а со нив и активностите на бадниковите поворки кои ќе траат до трет ден Божиќ. По двегодишен копнеж по поворките, во кои изминатите години учествуваа над 15.000 деца од 40 градови и места во Македонија, традицијата продолжува и низ улиците на Македонија ќе има бадникови поворки, велат организаторите.
Божиќната песна вечниот бог, чиј прв спот беше снимен пред 11 години, а потоа и пред 5, годинава повторно ќе добие освежување. Во песната ќе бидат вклучени млади таленти, предводници се Алабакоски и Гиговска.
Ова што го создаваме е враќање кон семејните вредности, изминативе години не обврзуваат на креативност со верност кон традицијата, вели режисерот Пројковски.
Медиумски покровител на проектот е Македонската радио-телевизија.
Марија Котовска
