Рашковски поднесе кривични за обвинители за сторени кривични дела
Драги Рашковски поднесе кривични пријави против две обвинителки за повеќе дела – меѓу кои за злоупотреба на службената положба, противправно лишување од слобода, спречување на докажување...

Обвинителите собрале докази во предистрага, но ги сокриле кога требало да се одлучува за притворот. Ова го тврди поранешниот генерален секретар на Владата Рашковски, обвинет во „Софтвери“. Против две обвинителки поднесе кривични пријави за повеќе дела – меѓу кои за злоупотреба на службената положба, противправно лишување од слобода, спречување на докажување. Рашковски најави ќе следуваат уште кривични пријави.
МТВ ја контактираше обвинителката Русковска, една од двете обвинителки против која Рашковски поднесе пријава.
Секој има право против секого да поднесе кривична пријава. Таков е законот. – стои во кусата реакција на Русковска.
На Рашковски му се суди за незаконско спроведување на четири постапки за јавни набавки меѓу кои систем за биометриска идентификација и софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот.
Анита Димитријевска Велковска
