Политика

Меѓусебни обвинувања меѓу власта и опозицијата

28.11.2022 14:42

Политички обвинувања едни кон други. Премиерот Ковачевски вели, никој не се плаши од избори, опозицијата да се фати за работа во општините и да го сработи ветеното. Опозицијата пак, обвинува, Владата е неспособна да се справи со екеономската криза...

Неспособна Влада, наспроти неконзистентна опозиција. Политички обвинувања едни кон други. Премиерот Ковачевски вели, никој не се плаши од избори, но откако опозицијата ги изгуби вонредните локални во неколку општини, треба да се фати за работа во останатите и да си го сработи ветеното, наместо постојано да бара оправдувања.

Владата е неспособна да се справи со економската и енергетската криза – обвинува опозицијата која потенцира дека растат цените на енергенсите, а народот осиромашува. Излез од ваквата состојба се брзи, предвремени избори, најдоцна напролет, велат во ВМРО ДПМНЕ и инсистираат на поскорешно формирање на техничка влада.

Миле Ристески