ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во американската изборна единица

27.04.2014 20:08

Павле Саздов, актуелниот пратеник од Осмата изборна единица, која го покрива американскиот континент, прогласи победа по вчерашното гласање. Според неофицијалните резултати од шесте избирачки места, Саздов освоил 1.170 гласови, додека најблискиот противкандидат Тефик Абдулаи од Демократската унија за интеграција, добил 475.
 
Согласно неофицијалните информации кои ги имаме добиено досега, дефинитивно победата е на ВМРО-ДПМНЕ во Северна Америка. Во сите места каде што се гласаше, гласањето помина во најдобар ред, најдемократски, навистина имаше голема излезност и скоро во сите места ВМРО-ДПМНЕ освои убедлива победа. Сакам да се заблагодарам на сите оние кои што излегоа на 26 април, кои го дадоа својот глас и ме поддржаа во мојата кандидатура. И за претседателските избори, информациите кои ги имам од терен се дека Ѓорге Иванов убедливо има остварено победа во сите гласачки места во дијаспората, особено во Северна Америка. Разликите се во стотици гласови, 10 наспроти еден.  Продолжуваме понатаму каде што застанавме, да ги реализираме сите оние проекти кои што значат поврзување на дијаспората со Република Македонија и нејзина инклузија во нашето општество, изјави пратеникот Саздов.