Приватните превозници бараат да им се исплатат долговите, најавија целосно парализирање на градот
Најавија и остварија-приватните автобуски превозници незадоволни од неплатениот градски долг од речиси два милиони евра, ја блокираа крстосницата кај Мавровка. Ова прашање треба да се најде и на советничките прашања на Град Скопје. Состанок имаше и во Јавното сообраќајно претпријатие…

Сообраќаен колапс низ скопските улици. Приватните превозници решија долгот од речиси два милиони евра да си ги бараат со блокада на крстосницата кај Мавровка во Скопје.
Градоначалничката Арсовска и директорот на ЈСП, Стојковски оценуваат, долгот кој ЈСП го има кон приватните превозници е тековно побарување и доколку сметале дека им се пробиени роковите можеле да поднесат тужба.
Арсовска го поддржува правото на протест. Сепак, со одлуката приватните автобуски превозници да блокираат улици, како што рече, штета најмногу трпат граѓаните.
Попладнево беа на средба во ЈСП, договор нема-вели претставникот на превозниците, Кемал Муриќ. Тој најави целосно парализирање на градот со приватните автобуси.
Приватните превозници во јавниот превоз учествуваат со над 200 автобуси.
Ана Јосифоска Тодоровска
