Прилеп

Досега откупени 3.000 тони тутун по просечна цена од 261 денар

28.11.2022 16:29

Откупот на тутунот се одвива непречено. Досега се преземени 3.000 тони по просечна цена од 261 денар. Државата нагласува дека води грижа за оваа традиционална земјоделско-индустриска гранка од која егзистираат преку 20.000 семејства во земјава…

Откупот на тутунот тече непречено, преземаат девет од десетте регистрирани откупувачи. Досега се преземени околу 3.000 тони по просечна цена од 261 денар, што според надлежните е највисока досега.

Годинашниов род е околу 20.000 до 21.000 тони. Цените по класи се зголемени за преку 20 насто, што ја ублажува ситуацијата со вложеното и трошоците за производството.

Од акцизите за тутунот, државата инкасира околу 140 милиона долари. Со субвенциите по класи, зголемените откупни цени, државата уверува дека го поддржува развојот на тутунопроизводството како традиционална земјоделско-индустриска култура.

Тука е поддршката преку програмата за рурален развој каде се потпишани 29 договори за опрема за унапредување на производството.

Тутун се купува на 115 ваги во земјава. Последната фирма ќе ги отвори пунктовите до 15-ти декември, крајниот рок за откуп.

Елизабета Митреска