Македонија
Посебен режим на сообраќај во вторник и среда во Скопје
28.11.2022 16:52
СВР Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје...

Во вторник и во среда во официјална посета на земјава е делегација предводена од Претседателот на Сојузна Република Германија. Од тие причини, СВР Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници, информираат од Министерството.
