Јанкулоска: Ова се најмирните избори во историјата на Македонија

27.04.2014 20:22

Македонија денес гласаше достоинствено и демократски, согласно европските стандарди, информираше на прес конференција министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
 
„Изборниот процес помина без никакви посериозни инциденти, а од безбедносен аспект ова се најмирните избори во историјата на Македонија. Особено ако се земе предвид фактот дека немало прекин во гласањето на ниту едно избирачко место“, истакна Јанкулоска.
 
Таа додаде дека вакви избори ретко може да се најдат во земјите од регионот.
 
Јанкулоска потенцираше дека Министерството за внатрешни работи останува да ја спроведе последната, трета фаза, поврзана со изборите, односно транспортирање на избирачкиот материјал до Државната изборна комисија.