ЕВРОПА

Разбиен суперкартел кој контролира третина од трговијата со кокаин

28.11.2022 18:42

Според Европол, уапсени се 49 лица...

Шест земји ги здружија силите за да разбијат суперкартел кој контролира третина од трговијата со кокаин во Европа. Според Европол, уапсени се 49 лица.

Во рациите низ Европа и Обединетите Арапски Емирати беа опфатени командниот центар и логистичката инфраструктура.

Запленетис се 33 тони кокаин. Во разоткривањето на картелот учествуваше и американската агенција за сузбивање на дрогата.