Собрание

Заврши комисиската општа расправа за Предлог- буџетот за 2023 година

28.11.2022 20:31

И денеска на третиот ден од општата расправа власта и опозицијата беа со спротивни ставови за Предлог-буџетот...

Членовите на собраниската Комисија за финансирање и буџет вечерва го завршија општиот претрес по Предлог-буџетот за 2023 година. Од среда почнуваат со амандманската расправа во рамките на која треба да се разгледаат 263 амандмани од кои 199 се поднесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

И денеска на третиот ден од општата расправа власта и опозицијата беа со спротивни ставови за Предлог-буџетот. Мнозинството порача дека проектираните буџетски ставки ќе овозможат економско заздравување и справување со последиците од енергетската криза, а за опозицијата, пак, предложениот буџет е историски највисок, инфлаторен и расипнички.

Државата в година планира да потроши 5,3 милијарди евра, а да собере 4,6 милијарди. Буџетската дупка би била 700 милиони. Растот е проектиран на 2,9 проценти, инфлацијата на 7,1. На предлогот се поднесени над 250 амандмани.

Во среда во 11:00 часот кога треба да започне амандманската расправа за Предлог-буџетот.