Временска прогноза
Променливо облачно со слаб северен ветер
29.11.2022 07:11
Денеска во Македонија утрото ќе биде студено, а преку ден не очекува променливо облачно време со сончеви периоди, информираат од УХМР. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец...

Денеска во Македонија утрото ќе биде студено, а преку ден не очекува променливо облачно време со сончеви периоди, информираат од УХМР. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од минус пет до два степени, а максималната ќе достигне од четири до 10 степени.
Во Скопје променливо облачно со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до минус три, а максималната ќе достигне до седум степени.
