Во поновата историја на ЕУ не се памети бојкот на опозициските партии
позицијата треба да ги користи сите демократски инструменти кои и се на располагање во рамките на законската регулатива и активно да функционира во институциите на системот –сметаат експертите во Европската Унија...

Во поновата историја на државите во Европската Унија не се памети кога опозиционите партии ги бојкотирале или пак најавувале бојкот на парламентарни избори, напротив, опозицијата е таа која треба да бара да оди на избори –изјави за МТВ долгогодишниот дописник на радио Слободна Европа во центарот на Европската Унија во Брисел – Рикард Јожиак. Тој смета дека предвремено негирање на изборниот резултат е чудно, па дури и сомнително однесување на опозициона партија.
„Мислам дека ова е многу чудно однесување. Ако споредам со Шведска – државата од која доаѓам, никогаш не се случило опозицијата да ги бојкотира изборите, барем не од 1945 година. Проучував доста за изборите во Европа, дури и во државите како на пример Белорусија, која е диктаторска држава, опозицијата оди на избори, го прифаќа предизвикот да освои гласови. Ако сте во опозиција, изборите се тоа што треба да го барате, да освоите гласови, да стекнете моќ. Затоа тоа е необично однесување, мислам, предвреме да речете дека изборите не се фер, ние нема да гласаме. Која е тогаш целта на опозицијата“, вели Рикард Јожиак новинар на радио Слободна Европа.
Опозицијата треба да ги користи сите демократски инструменти кои и се на располагање во рамките на законската регулатива и активно да функционира во институциите на системот –сметаат експертите во Европската Унија.
Што се однесува пак за текот на изборната кампања и самиот процес на председателските и предвремените парламентарни избори, Европската Комисија ќе се произнесе по завршувањето на извештајот од набљудувачката мисија на ОБСЕ.
Да потсетиме и дека Европската Комисија немаше апсолутно никакви забелешки за првиот круг председателски избори.
Марина Стојанова- Тонева
