Полицијата излезе на улиците на големите градови
Полицијата излезе на улиците на големите кинески градови за да спречи нови демонстрации против Ковид ограничувањата. Протестите почнаа по пожарот во станбена зграда во западниот град Урумчи, кога загинаа најмалку десет луѓе. Американскиот претседател Џо Бајден внимателно следи што се случува на протестите во Кина...

Полицијата излезе на улиците на големите кинески градови за да спречи нови демонстрации против Ковид ограничувањата. Планираните протести во Пекинг вчера не се реализираа, а во Шангај беа поставени големи бариери долж главната маршрута на демонстрантите.
Мал протест во јужниот град Хангжу кој бргу бил сопрен. Од Кина пристигнуваат извештаи дека властите почнале истрага против некои учесници во демонстрациите.
Протестите почнаа по пожарот во станбена зграда во западниот град Урумчи, кога загинаа најмалку десет луѓе. Јавноста верува дека спасувачките екипи не интервенирале навреме поради ковид мерките. Регионалните власти најавија олеснување на некои ограничувања, но владата потврди дека останува посветена на својата нулта ковид стратегија, поради која некои области се во карантин со месеци.
Американскиот претседател Џо Бајден внимателно следи што се случува на протестите во Кина. Според портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби, Белата куќа се зазема за правото на мирни протести.
