Црвенковска поднесе оставка од позицијата претседател на Судски совет
Претседателската на Судскиот совет поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Против мене се води хајка, им пречев на група од судска-бизнис елитата, тврди Црвенковска...

Претседателката на судскиот совет, Павлина Црвенковска, поднесе неотповиклива оставка, поради како што вели, медиумската хајка со пласирање на лажни информации, додавајќи дека нејзиниот избор не одговарал на група од судската-бизнис елита.
Во континуитет се опструираа и намерно се одолговлекуваа внатрешните процеси во Советот, кои се од клучно значење за успешно завршени задачи и за функционирањето на судството, наведува Црвенковска.
„Последен пример со лажно брифирање на новинарите беше околу тоа дека е моја незаконската одлука за избор на член во Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, иако јас ниту го предложив, ниту го гласав членот на Судскиот совет, Зоран Герасимоски“, тврди Црвенковска.
