Македонија

Владата денеска ќе ја одржи 104-та седница

29.11.2022 11:50

Согласно предложениот дневен ред, на седницата ќе бидат разгледувани повеќе информации од министерствата и извештаи за работа на органите на управата...

Владата ќе ја одржи 104-та седница со повеќе точки од својата програма, за работа и од интерес на граѓаните.

Согласно предложениот дневен ред, на седницата ќе бидат разгледувани повеќе информации од министерствата и извештаи за работа на органите на управата.

На предлог на Министерството за финансии, министрите ќе ја разгледуваат Информацијата во врска со воспоставување на систем за контрола и следење на тутунски производи Track&Trace.

Исто така, Владата на предлог на Министерството за надворешни работи ќе го разгледува Предлогот на закон за ратификација на договорот за соработка во областа на механизмите за безбедност со храна во Западен Балкан.