Тетово

Со обука и кампања за медиумска писменост во борба против лажните вести

29.11.2022 14:32

Медиумски писмени граѓани е главната алатка во борбата против лажните вести е заклучокот од презентација на проектот „Транзицијата и лажните вести“ што се одржа во Тетово. Манипулациите и дезинформациите можат да ја нарушат во голема мера и безбедноста на една државата, затоа е потребна поголема едукација и препознавање на лажните вести, потенцираа учесниците...

Борбата со лажните вести и дезинформациите да се води преку обука и кампања за медиумска писменост, а не преку ограничување на слобода на говорот, бидејќи тоа може да доведе до цензура, која не содејствува со демократски западен свет, вели Универзитетската професорка Беса Арифи. Но и слободата на говорот си има своја граница. Во одредени случаи треба да се интервенира, соодветно пропишаните норми и закони.

Академик Абдулеменаф Беџети, вели дека дезинформациите понекогаш се клучни, за нарушување на безбедносната состојба во државите.

Проектот „Транзицијата и лажните вести“, во земјава се спроведува со поддршка на Чешката република.

Зоран Димовски