Пендаровски-Штајнмајер

Пендаровски: Германија е најважниот сојузник и најсигурниoт партнер на Македонија

29.11.2022 15:03

Германија е најважниот сојузник и најсигурниoт партнер на Македонија, изјави претседателот Пендаровски по средбата со германскиот претседател Штајнмајер. Од шефот на германската држава, поддршка за евроинтегративниот пат на земјава. Истакна дека реформите во земјава мора да продолжат. Штајнмаер е во дводневна посета на земјава...

Доколку процесот на преговори со Европската Унија не биде базиран на историја, туку на реалните европски критериуми и вредности, земјава ќе ги заврши преговорите со ЕУ во рекордно време, изјави претседателот Стево Пендаровски на заедничката прес-конференција со германскиот колега Франк Валтер Штајнмајер по официјалната заедничка средба. Во однос на подготвеноста на земјава за отпочнување на пристапните преговори шефот на државата нагласи дека земјава е најдобро подготвениот кандидат за членство во историјата на Унијата.

Тој рече дека не би сакал да дава прогнози по однос на ова прашање на временската рамка која е поставена од Владата за 2030 година, и додаде дека падот на довербата во евроинтегративниот процес меѓу граѓаните во поголем дел последица на официјалната политика на Брисел и запоставување на процесите на земјите од Западен Балкан,

Германскиот претседател Штајнмаер во својата прва официјална посета на земјава истакна дека со членството во НАТО, земјава донела одлука во која насока ќе го трасира својот пат. Тој посочи дека е свесен што довербата на граѓаните во евроинтеграциите е доведена во прашање, но и изрази уверување дека со Уставните промени ќе се надмине и оваа пречкаа и дека важно е двете страни повеќе да се фокусираат на заедничката иднина, отколку на минатото.

На средбата се разговарало и за актуелната состојба во регионот како и за влијанието на руската агресија врз Украина.

Марина Стојанова Тонева