Штајнмајер до пратениците: Не се откажувајте во последните метри до целта
Штајнмаер е во дводневна посета на Македонија. Истакна дека реформите во земјава мора да продолжат...

Германскиот претседател Штајнмајер во обраќањето во Собранието упати молба до пратениците да продолжат кон ЕУ и да не се откажуваат во последните метри до целта. Рече токму во Собранието е постигната историска одлука со прифаќањето на протоколот за отстранување на ветото на Бугарија.
Шефот на германската држава укажа на две важни работи, дека ЕУ не е целосна без Северна Македонија и дека уште денес Македонците мора да го почувствуваат подобрувањата од пристапниот процес со спроведување на реформите во јавната администрација и судството.
Штајнмајер смета дека се можни уште подобри односи на политички, безбедносен и економски план како сојузници во НАТО, но и наскоро како членки на ЕУ.
Ирина Гелевска
