Зеленски: Се бориме за правда
Украинскиот претседател Зеленски бара од Обединетото Кралство да преземе водечка улога во создавањето на специјален трибунал за да ја натера Русија да одговори за нејзината воена агресија...

Украинскиот претседател Зеленски бара од Обединетото Кралство да преземе водечка улога во создавањето на специјален трибунал за да ја натера Русија да одговори за нејзината воена агресија.
„Мораме целосно да ја спроведеме оваа клаузула и да обезбедиме правда по оваа војна. Верувам дека Велика Британија ќе го покаже своето лидерство. Борбите на фронтот се тешки. И покрај големите руски загуби, окупаторите сè уште се обидуваат да напредуваат во регионите Доњецк, да се зацврстат во Луганск и да се преселат во Харков. Тие планираат нешто и на југ“, рече украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
Зеленски и се заблагодари на Холандија за одлуката на нејзиниот претставнички дом да ја признае Русија како државен спонзор на тероризмот.
