САД

Се шири бранот демонстрации против кинеските мерки

30.11.2022 09:32

Стотици демонстранти се собраа пред Конзулатот во Њујорк, барајќи оставка од лидерот, Кси Џинпинг...

Бранот демонстрации против рестриктивните Ковид мерки на кинеските власти се шири и надвор од Кина. Стотици демонстранти се собраа пред Конзулатот во Њујорк, барајќи оставка од лидерот, Кси Џинпинг. Им оддадоа почит на жртвите во пожарот во висококатницата во Ксинџијанг. И Канада се залага за човековите права и ги поддржува луѓето што протестираат-изјави премиерот Трудо.

„Ќе продолжиме да се залагаме за човековите права, ќе застанеме зад луѓето кои протестираат. Треба да ја натераме Кина и нациите ширум светот да ги почитуваат новинарите и нивната способност да ја вршат својата работа“, рече Џастин Трудо, премиер на Канада.

Гневот избувна по непотврдените извештаи дека на пожарникарите не им било дозволено да влезат во регионот бидејќи зградата била во карантин. Кинеските власти го отфрлија тврдењето и го засилија надзорот и цензурата во обид да ги запрат протестите.