Кина

Лансиран нов вселенски брод

30.11.2022 09:33

Кина лансираше нов вселенски брод Шенжу-15, со тричлен екипаж за да ја заврши последната фаза од изградбата на вселенска станица Тиангонг...

Кина лансираше нов вселенски брод Шенжу-15, со тричлен екипаж за да ја заврши последната фаза од изградбата на вселенска станица Тиангонг.

Тројцата астронаути им се придружуваат на своите колеги од мисијата Шенжу-14, приклучувајќи го својот модул со што, вселенската станица ќе биде проширена до нејзината најголема конфигурација-три модули и три вселенски бродови, со вкупна маса од речиси 100 тони.

Ова е шеста летна мисија и последна во фазата на изградба на кинеската вселенска станица.