САД

Сирени за торнадо на југот од земјата

30.11.2022 11:46

Силно невреме го погоди јужното крајбрежје на САД. Сирени за торнадо се огласија во Луизијана и Мисисипи. Повеќе од 25 милиони луѓе се во опасност од невремето...

Силно невреме го погоди јужното крајбрежје на САД. Сирени за торнадо се огласија во Луизијана и Мисисипи. Повеќе од 25 милиони луѓе се во опасност од невремето.

„Имаме бури што сè уште доаѓаат. Ве молиме внимавајте на временските услови“, рече Синди Лоренс, Агенција за управување со вонредни состојби, Лоундес.

Засега нема извештаи за големи материјални штети или повредени. Невремето се очекува да ги погоди и Тенеси и Алабама.