Подготвеност за субвенционираната струја
Прилепските училишта совреме потпишаа, Водоводното претпријатие го очекува секој момент официјалниот договор за користење субвенционирана струја. Болницата чека денеска да заврши досегашниот договор со операторот, за во петок да распише оглас за нов со субвенционирана понуда. Ќе се намалуваат трошоците, ќе се нормализира функционирањето на институциите...

Прилепските училишта совреме ги добија договорите и од полноќ ќе користат субвенционирана струја. Одредени се броилата и постапката. Тоа ќе го нормализира наставниот процес, а сметките очекуваат да се намалат за 30 па и до 50 насто.
Водоводното претпријатие секој момент го очекува договорот по позитивниот став што го добиле. Очекуваат разумни месечни сметки и од досегашните три ипол па и седум милиона денари да се симнат на два. Најавено враќање на старата цена на водата.
Болница го завршува досегашниот договор со операторот. Тоа е услов за нов оглас и можност за субвенционирана струја.
Училиштата се заинтересирани за фотоволтаици како долгорочно решение. Водоводното претпријатие пак бара дозвола од централниот регистар да може да ја прошири дејноста.
Елизабета Митреска
