Касами: Целосна децентрализација на општините е повеќе од неопходна
Без целосна децентрализација општините не можат да функционираат, ниту да го планираат својот развој, изјави градоначалникот на Општина Тетово Биљал Касами, по денешната средба која ја оствари со министерот за локална самоуправа Ристо Пенов. Министерот пак кажа, дека се работи на децентрализација, но сега процесот е забавен, оти Парламентот е блокиран...

Фискалната децентрализација е повеќе од неопходна, особено за општините со големи долгови како Тетово, а решавањето на урбаниот хаос е заглавен поради немањето на ингеренции на локалната власт, иако се работи за внатрешна просторна организација на градот, се пожали градоначалникот Касами. Тој смета дека процесите на децентрализација се закочени, поради политички причини.
Министерот Пенов, вели дека процесот на децентрализација тече, но сега со забавено темпо оти Парламентот е блокиран. Но, потребна е и политичка волја, за еден таков системски закон да се изгласа.
Министерот Пенов, денеска оствари средба со градоначалникот Касами, каде во просториите на Општина Тетово потпишаа Договор за кофинансирање на проект на ИПА за прекугранична програма со Косово за заживување на занаетите и заеднички туристички развој“.
Зоран Димовски
