Вкупно 52 години затвор за убиството на Денис Тот
Денеска во Скопје беше изречена казната за убиството на Денис Тот кое се случи во април годинава пред ноќен клуб во Скопје. Обвинетите Анџечо Ѓорѓиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски судот ги прогласи за виновни за кривично дело убиство...

По 18 години затвор за Анџело Ѓоргиевски и Клементина Левковска. Андреј Костовски доби две години помалку, односно 16. Судот ја изрече пресудата за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот. Бурни реакции од роднините, но и од обвинетите дека казните се превисоки. Дополнително судот ги задолжи солидарно да ја надоместат нематеријалната штета што како душевна болка ја предизвикале на семејството на починатиот и да платат по 9 милиони денари на неговите родители и 8 милиони на неговиот брат.
Ѓоргиевски и Лефковска посочија дека не побегнале, туку сами се пријавиле во полиција. Сепак, до правосилност на пресудата, тројцата обвинети остануваат во притвор.
Одбраната најави жалба до повисокиот суд, за обвинителството казната во законски рамки.
Тројцата обвинети се товарат дека со умисла, по куса расправија на 7 април годинава пред ноќен клуб во градскиот парк го претепале хрватскиот ракометар по што тој починал следниот ден.
Анита Димитријевска Велковска
